Не е само Пакета, Манчестер сити налето ќе го собори клупскиот рекорд поради ѕвезда на Баерн

Управата на Манчестер сити се подготвува за летниот преоден рок кога планира да го собори клупскиот рекорд кога станува збор за трансферите.

Трансферот на Лукас Пакета од Вест хем речиси е завршен, двата тима се наоѓаат во завршни преговори околу отштетата, но денеска вистинска бомба објавија англиските медиуми кои тврдат дека поради ѕвездата на Баен Минхен, Џамал Мусијала, ќе биде соборен клупскиот рекорд.

Според медиумите, Манчестер сити е подготвен да понуди најмалку 130 милиони евра за да дојде до потписот со Мусијала, кој се наоѓа на радарот и на Реал Мадрид.

Гвардиола сака да го освежи средниот ред, Кевин де Бројне и Бернардо Силва се наоѓаат на излезни врати од „Етихад“, и токму во Пакета и Мусијала ги гледа идеалните замени.

Актуелниот рекорд за најскапо клупско засилување го држи Џек Грилиш кој беше купен за 117,5 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести