Не е само пуста желба, Бразилците сакаат Гвардиола да ги води на идното СП

По елиминацијата на Кариоките во четвртфиналето на Светското првенство што се одржува во Катар, главна тема со која се занимаваат бразилските,но и европските медиуми, е кој ќе биде наследникот на Тите и веќе ја лансираа најголемата бомба, Пеп Гвардиола би можел да биде нов селектор.

Пеп Гвардиола неодамна потпиша нов договор со Манчестер Сити, но каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека тренерот на англискиот шампион добил понуда од Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ) да го наследи Тите, кој си замина веднаш по елиминацијата од Хрватска.

Во ЦБФ се свесни дека Гвардиола има договор со Манчестер сити до 2025 година, и тие се подготвени во наредните две и пол години, да назначат привремен селектор , и да чекаат на Пеп да му заврши договорот со Граѓаните. Нивната цел е Гвардиола да ги предводи Кариоките на идното Светско првенство што ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

„Спорт“ кој има одлични врски со братот на Пеп, кој воедно му е и агент, исто така пишува дека Гвардиола не одговорил на понудата.

Вчера се појави името на Абел Фереира како главен фаворит за наследник на Тите. Фереира е тренер на Палмеирас со кого ја освои титулата во бразилскиот шампонат и во Копа Судамерикана оваа година, а минатата триумфира и во Копа Либертадорес, јужноамериканската Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести