Освен дербито во Мадрид, што секако е примат во 21-то коло на Спортската прогноза, и во Лондон ќе има суперинтересна пресметка која исто така е тешка за прогнозирање. Тотенхем го пречекува актуелниот првак Манчестер сити, дуел на којшто посебно внимание ќе се обрне покрај аут-линијата.
Секако ќе се окарактеризира како пресметка меѓу стратезите Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, подобриот тактичар ќе ги освои бодовите, а потребни им се на двете екипи подеднакво. Петлите се хедикепирани со оглед на тоа дека поради повреда нема да игра Хари Кејн, додека Гвардиола се надева дека Лапорт по подолго време ќе биде подготвен за настап.
Првиот меѓусебен дуел сезонава кој се одигра на „Етихад“, не донесе победник при конечни 2-2, а Граѓаните секако се фаворити за неделната пресметка која е закажана за 17:30 часот.
Премијата за секое коло е „ајфонот“, а Sport Life и Спорт Манија, кои се организатори на бесплатната игра, подготвија награди дури и ако не погодите еден или два пара од популарната „Тринаесетка“.
Со 12 погодоци се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, што ќе можете да го искористите со тикет по ваш избор. Сите учесници што ќе погодат 11 двојки, ќе добијат ваучери во вредност од 500 денари.
Секако, за подобар Генерален пласман не треба да заборавите да ги прогнозирате и средбите меѓу Вест хем – Брајтон и Барнли – Арсенал. Главната премија за најдобриот во Генералниот пласман е Смарт телевизор 48 инчи. Не чекајте и играјте БЕСПЛАТНО Спортска прогноза.