Елиф Елмас ќе го очекува новиот тренер, трет откако е член на Наполи, по најавеното заминување на Џенаро Гатузо, а кандидати има и тоа одличлни.
Прв фаворит според италијанските медиуми за нов кормилар на Наполи е Маурисио Сари,кој веќе беше тренер на калчолигашот од 2015 до 2018 година, пред да се пресели во Челзи, па во Јувентус.
Сериозен кандидат за нов кормилар е и Лучијано Спалети, искусен тренер, кој беше предводник на Рома, Интер, Зенит Санкт Петербург, Удинезе, Сампдорија…
Со огромно реноме е и третиот кандидат што е во нотесот на Аурелио Де Лаурентис, а се работи за Рафаел Бенитес, единствениот од тројцата што не е Италијанец.
Бенитес е и најмлад, на 60-годишна возраст и со најмногу трофеи во конкуренција на Сари и Спалети. И Бенитес како и Сари веќе беше кормилар на Наполи, во периодот од 2013 до 2015 година.