5.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Не е само Винисиус: Петмина фудбалери на Реал креваат бунт против Чаби Алонсо

Киксот против Рајо Ваљекано (0-0) извади многу проблеми на виделина во Реал Мадрид. Долго се зборува за проблемите на Чаби Алонсо со Винисиус, но според шпанските медиуми, не е само Бразилецот незадоволен, туку се работи за пет ѕвезди на Кралевите кои подготвуваат „бунт“ против тренерот.

На мечот против Рајо се виде дека и Белингам и Куртоа не се на иста линија со Чаби Алонсо, а незадоволство има и кај Валверде и Камавинга, пред сè, поради честите промени на нивните позиции.

Шпанските медиуми се прашуваат што е подобро за Реал Мадрид – цврстата рака на Чаби Алонсо или опуштениот однос на Карло Анчелоти? Очигледно дека фудбалерите се навикнати на друг систем, па преодната фаза и начинот на работа на Чаби Алонси тешко го прифаќаат.

- Оглас -

Најнови вести