Не е се готово: Постои трунка надеж за Лион дека може да се спаси од испаѓање

Здружението на професионални лиги на Франција го исфрли Лион од Лига 1 за следната сезона, а се очекува слично сценарио и од УЕФА, која треба да го исфрли клубот од Лигата на Европа. Причината за проблемите на седумкратниот шампион на Франција се долговите од 500 милиони евра.

Сепак, Лион се најде во ждрепката за новата сезона во Лига 1, а причината за тоа е жалбата која ја вложија на одлуката за исфрлање. Последните информации и од УЕФА се дека европската куќа на фудбалот ќе ја чека конечната одлука пред да го исфрли Лион. Доколку се случи жалбата да биде прифатена, тогаш Лион ќе може да игра и во групната фаза од Лигата на Европа.

Лион обезбеди пласман во Лигата на Европа со освојувањето на шесттата позиција во Лига 1, а на 24-ти јуни беше исфрлен од Лига 1.

- Оглас -

Најнови вести