Не е сеедно кога се во прашање Реал Мадрид и Барселона – Девојче се расплака пред женското Ел Класико (Фото)

Многу симпатичен момент се случи пред почетокот на дерби-дуелот меѓу женските екипи на Реал Мадрид и Барселона, а девојче се расплака откако беше одбрана на спротивната страна.

При вообичаената церемонија на почетокот на мечот девојчето излезе со дрес на Реал Мадрид, но требаше да се најде на страната на Барселона, па реагираше многу искрено и симпатично.

„Јас сум од Мадрид“ ѝ одговори малата девојка на Алексија, која игра за Барселона. Сепак фудбалерката на Барселона на симпатичен начин и со многу разбирање за симпатиите на малата девојка кон Реал Мадрид успеа да ја изведе на теренот пред почетокот на дербито.

 

- Оглас -

Најнови вести