Македонија сака и може да го направи последниот чекор за историја и за прво учество на фудалските Мундијали, а за тоа ни треба победа против Португалија во Порто на 29. март од 20.45 часот.
Амбициите и очекувањата пораснаа до небо, по спектакуларниот триумф против Италија со 1:0, вчера во Палермо.
На „Драгао“ ќе се играат последните 90 минути и за Македонија и за Португалија на патот да се завери пасошот за учество на Светското првенство во Катар, во ноември и декември оваа година.
И интересно е што ждрепката за групите за Мундијалот во Катар ќе се одржи на 1. април, на денот на шегата.
И нема да биде шега, ако Македонија биде фудбалската Пепелашка на ждрепката што ќе се одржи во Катар и ќе почне во 17 часот по наше време.
Како една од најголемите сензации на сите времиња и селекција која во ист циклус победила два четирикратни светски прваци, Германија и Италија и три европски шампиони, Германија и Италија и во вторник и Португалија.