Не е првоаприлска шега – Индепендиенте сака да го врати Агуеро веќе ова лето

Индепендиенте има амбициозен план кој личи на првоаприлска шега, но не е и сака да го врати Серхио Агуеро во своите редови веќе ова лето.

Најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата има договор на уште една година со Манчестер сити, но Индепендиенте ќе се обиде да направи подвиг и да го врати играчот што е нивен фудбалски производ.

„Со Серхио сме одлични пријатели и заедно игравме во Индепендиенте. Горди сме на неговата фантастична кариера и ќе се обидеме веќе ова лето да го вратиме во нашите редови. Тоа би бил вистински подарок за навивачите и верувам дека ќе успееме“, вели тренерот на Индепендиенте, Лукас Пусинери.

Агуеро ја почна кариерата во гигантот од Буенос Аирес во 1997 година како 11-годишно момче, а играше за популарните „Ел Рохо“ од 2003 до 2006 година во сениорскиот тим.

Потоа замина во Атлетико Мадрид, а Манчестер сити, каде што сега настапува, му е само третиот клуб во кариерата. Позната е неговата желба при крајот на кариерата да се врати во Аргентина, секако во редовите на матичниот клуб Индепендиенте.

„Секако дека имам желба кариерата да ја завршам во Индепендиенте. Знам дека и навивачите и сите во клубот го сакаат тоа, но имам уште една година договор со Манчестер сити. Мојот матичен клуб ми е приоритет, но прво да го одработам договорот со Сити, па ќе видиме“, изјави неодамна Агуеро.

Индепендиенте сака да го ангажира и Лукас Билја од Милан, кој исто така е поранешен играч на аргентинскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести