Не е шега, Шалке успеа да победи во Бундеслигата

Суат Сердар го постигна првиот гол за Шалке 04 сезонава, успеа во четвртата минута да ја искористи грешката на голманот на Аугсбург и да му ја донесе само втората победа на тимот од Гелзенкирхен во Бундеслигата.

Голот на играчот за врска на Шалке 04 можете да го погледнете ОВДЕ.

Шалке 04 со тоа ја прекина долгата низа од 13 меча без победа, но сепак е убедливо последен во германското првенство со 13 бода.

Испаѓањето од Бундеслигата на шест кола до крајот не може да се избегне, но за утеха на четвртата најтрофејна екипа во Германија со 7 титули, барем е сопрена долгата низа без победа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести