11.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Не е снег, пред дербито Феенорд – ПСВ теренот беше обелен (Фото)

Сцена која ретко се гледа во Европа и повеќе асоцира на Аргентина, беше видена денеска во Ротердам пред дерби натпреварот на холандскиот фудбал каде што играат претендентите за титулата Феенорд и ПСВ.

Навивачите на домашниот тим имаа спектакуларна кореографија, фрлија илјадници, можеби и милиони парчиња хартија кои го прекрија теренот и сè беше бело како да паднал снег.

Почетокот на натпреварот беше одложен за 15 минути, бидејќи теренот мораше да се исчисти, а во чистењето помагаа луѓе со гребла и со машини за дување лисја.

- Оглас -

Најнови вести