Градот Милно ќе остане без еден од своите најголеми спортски белези, стадионот „Џузепе Меаца“. Стадионот кој е изграден речиси пред еден век, односно во 1925 година, треба да биде срушен, а во негова близина да биде изграден нов помодерен стадион.
Двата најтрофејни фудбалски клуба од Милано, Интер и Милан, со децении го делеа стадионот како свој дом, а сега согласни се дека треба да биде изграден нов помодерен објект. Властите во Милано и архитектите сметаат дека овој објект нема историско значење и затоа слободно може да се руши.
Новиот стадион кој треба да започне да се гради ќе чини 1,2 милијарди евра, а ќе има капацитет од 60.000 гледачи.