Не е важно како топката влезе во гол, Хаверц му донесе победа на Леверкузен (Видео)

Баер Леверкузен како гостин извојува значајна победа против Фрајбург од 1-0, а стрелец на голот беше кој друг, ако не Кај Хаверц, еден од моментно најопасните стрелци во Бундеслигата. Хаверц од тешка позиција успеа да ја протне топката во голот и на својот тим да му донесе триумф кој привремено го враќа Баер на третото место.

Хаверц е прв фудбалер во историјата на германското првенство со 35 постигнати голови пред да наполни 21 година. Дека топката го слуша, но и дека 20-годишниот голгетер е мајстор, доказ е и вечерашниот гол:

https://www.youtube.com/watch?v=SaAGqyGOfN4

- Оглас -

Најнови вести