Нов проблем има селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, откако од таборот на Истанбулспор обкавија дека Ваљон Етеми е повредени денеска не играше во градското дерби со Бешикташ.
Иако не е во прв план во нашата селекција, Етеми е еден од 27-те повикани репрезентативци за дуелите со Грузија на 23. септември во Тбилиси и со Бугарија во Скопје три дена подоцна.
Етеми е и стандарден во Истанбулспор и игра одлично во силно првенство какво што е турското, сигурно во Топ-10 во Европа, па неговиот изоастанок ќе биде хендикеп за Македонија.
„На магнетна резонанца при прегледот на Ваљон Етеми откриено е истегнувањеи крварење на горниот преден десен мускул на ногата. Се надеваме дека брзо ќе закрепне и ќе се врати на терен“, објавија од Истанбулспор.
Етеми досега одигра само еден меч за Македонија, а дебитираше на дуелот со Гибралтар на 12. јуни годинава во победата од 4:0 во Скопје.