Не е за верување дека некој може вака да си ја затресе сопствената мрежа (Видео)

На мечот од третата лига во Португалија меѓу Вилаварденсе и Вианенсе е постигнат еден од најневеројатните автоголови во фудбалот. Домашниот дефанзивец Руи Филипе Фереира Фариа си ја затресе сопствената мрежа, и тоа во судиското надополнување.

Гостите имаа предност од 1:0 и направија контранапад, а по лоб ударот, топката заврши во пречката. Руи Филипе беше сам на петерецот и сите очекуваа дека мирно ќе ја отстрани опасноста. Сепак, наместо топката да биде исфрлена далеку од голот, Руи Филипе скокна и со глава си даде автогол.

https://twitter.com/i/status/1361723831904309248

- Оглас -

Најнови вести