Не е за верување: Двајца играчи на Арсенал немаа ниедно прецизно додавање на дербито против Сити

Само неколку секунди го делеа Арсенал од победа на најтешкото гостување во Премиер лигата, кај шампионот Манчестер сити. Иако цело второто полувреме Топчиите беа со играч помалку, сепак имаа предност од 2:1 сè до 90+8 минута, кога примија гол и на крајот дербито заврши 2:2.

Поради фактот дека имаа играч помалку, но и дека имаа водство, Арсенал во најголемиот дел од средбата се бранеше и остави домаќинот да доминира. Токму затоа само 22 отсто од поседот на топката беше во гостинскиот тим.

Арсенал имаше само 208 точни додавања во текот на целата средба, а неверојатно е дека Каи Хаверд и Јуриен Тимбер немаа ниту едно точно додавање кон своите соиграчи.

Тимбер шестпати се обиде да додаде кон соиграчите и сите обиди беа неуспешни, додека напаѓачот Хаверц имаше пет неуспешни обиди прецизно да додаде до соиграчите. Откако од 2003 година се води општа статистика, вакво нешто не е забележано во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести