Актуелниот првак во забрзан и брзопотезен шах Магнус Карлсон, се повлече од годинашното издание на Светското првенство во Њујорк, а причината поради тоа се едни фармерки.
На претпоследнот ден од натпреарувањето, Карлосн се појавил облечен во фармерки и така облечен ги одиграл седмата и осмата рунда. Потоа добил предупредување дека направи прекршување на правилата и добива казна од 200 долари.
Најдоброрангираниот шахист во светот рекол дека нема да носи фармерки на завршиот ден од првенството, но барањето било да се пресоблече веднаш пред деветата рунда. Карлсон тоа го одбил, а потоа решил да се повлече од турнирот. Норвежанецот нема да ја брани титулата ниту во брзопотезен шах.
OOTD pic.twitter.com/9reOP6zuJv
— Magnus Carlsen (@MagnusCarlsen) December 28, 2024
„Тие може да си спроведуваат нивните правила, немам проблем со тоа, но мојот одговор на тоа е „добро, јас се откажувам“. Да ти е*ам“, револтирано изјави 34-годишниот шахист.
Карлсон ќе остане без светска титула во забрзан и брзопотезен шах, иако дури и да останеше до крајот на турнирот, поради слабите резултати многу веројатно ќе беше да остане барем без една титула.