Не е за верување, но тим од седмата лига во Англија е рекордер по бројот на дадени голови во ФА купот

Кетеринг таун е тим кој се натпреварува во Саутерн лига Централна дивизија во Англија, која според рангот, е седма лига во колевката на фудбалот. Малкумина го знаат овој клуб кој има тривековна традиција затоа што е формиран во далечната 1872 година.

Токму оваа негова долга историја, но и константните настапи му донесоа еден значаен примат. Кетеринг таун е клубот кој е рекордер по бројот на постигнати голови во историјата на ФА купот. Најстарото фудбалско натпреварување во светот е формирано во 1871 година и е само една година „постар“ од Кетеринг таун.

Фактот дека Кетеринг таун долго време се натпреварува во ФА купот, сега му го донесе приматот за кој може да сонуваат сите премиерлигаши. Во втората рунда од квалификациите на ФА купот, Кетеринг таун победи со 1:0 против Спортинг Калс и со тој погодок беше поставен рекорд.

Кетеринг таун стигна до 911 гола во ФА купот и стана најефикасен клуб во историјата на ова натпреварување оставајќи го зад себе Тотенхем, кој е втор со 910 погодоци во историјата на ФА купот.

 

- Оглас -

Најнови вести