Не е за верување: Сите три денешни осминафинални меча на ЕП завршија со ист резултат!

Трите денешни осминафинали дуели на Европското првенство во кошарка завршија со ист резултат. Екипите кои победија постигнаа по 94 поени, а оние кои беа поразени застанаа на бројката од 86 поени.

Тоа што истотака е интересно дека селекциите кои според коефициентите важеа за аутсајдери, на крајот се радуваа. Серијата започна со дуелот Украина – Полска, а Полјаците беа тие кои се радуваа со 94:86.

Хрватска ја хартија беше фаворит против Финска, но феноменалната игра на Лаури Марканен кој постигна 43 поени донесе радост за тимот кој делуваше како аутсајдер пред средбата. Финска победи со 94:86.

Најголемото изненадување се случи на мечот Србија – Италија. Србите беа со пет победи во пет меча и се очекуваше лесно да ги победат Аѕурите, но не беше така. Италија со феноменална игра во последната четвртина стигна до сензација и пласман во четвртфиналето, а резултатот на крајот беше 94:86.

- Оглас -

Најнови вести