Не е за жена да жонглира со тоалетна, во тоа се увери и сопругата на Пол Погба (Видео)

Предизвикот за жонглирање со тоалетна хартија полека оди во заборав, а во целата таа еуфорија, своите фудбалски способности реши да ги проба и сопругата на Пол Погба, Марија Зула Салаус.

Со помош на Погба, Марија реши да проба како е да се жонглира со тоалетна хартија. Ѕвездата на Манчестер јунајтед ѝ ја подаде тоалетната, а жената успеа само двапати да ја допре, а потоа хартијата заврши во лицето на нивниот 14-месечен син.

„Ете што се случува кога јас ќе се обидам со овој предизвик“, напиша Марија под објавата на видеото.

 

- Оглас -

Најнови вести