Шпанија и Норвешка ќе играат во дербито на деното на Европското ракометно првенство. Црвената Фурија е актуелен бранител на трофејот и има неверојатна низа од 17 меча без пораз на континенталните собири.
Шпанија со победа над Норвешка ќе си обезбеди место во полуфиналето, а интересно е дека и традицијата е на нивна страна. Во последните 19 меѓусебни средби, Шпанија има 18 победи и едно реми. Норвешка последен пат ја победија Црвената фурија пред неверојатни 25 години, односно во далечната 1997 година.
Иако традицијата е далеку на страната на Шпанија, според коефициентите во Sport Life; Норвешка ќе ја има улогата на „благ“ фаворит, па ќе биде навистина интересно да се проследи дербито од 20:30 часот во Братислава.
Во другите два меча од денешната програма, Полска игра против Русија во дуел на две селекции кои се без шанса за место во полуфиналето, а интересно ќе биде и на пресметката меѓу Германија и Шведска.