Не ги примаат на стадион од 2009 година, сега начекаа шанса и го направија лом култното место (Фото)

Навивачите на Ајакс направија лом на трибините и во тоалетите на култниот „Де Кајп“ во Ротердам на мечот од Холандскиот куп против ПСВ Ајндховен.

Финалето се играше во Ротердам, каде што Ајакс има голем ривалитет со Феенорд, а навивачите на Копјаниците не се добредојдени и не биле на трибините на „Де Кајп“ од 2009 година.

Сега начекаа шанса и меч што Ајакс не го играше против Феенорд, а се гостуваше во Ротердам на финале на Холандскиот куп и направија лом.

Фотографиите од трибините, но и од поттрибинскиот простор, особено каде што има санитарни јазли покажуваат разорно уништување.

ПСВ Ајндховен победи со 2:1 и го освои пехарот, а управата што раководи со стадионот „Де Кајп“ најави дека ќе испрати фактура до Ајакс за да се надоместат штетите од дивеењето на нивните навивачи.

Според проценката, направена е штета од околу 20.000 евра.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести