Лос Анџелес галакси не се предаваат ниту по заминувањето на најголемата ѕвезда во тимот Златан Ибрахимовиќ и најавуваат дека 2020 година ќе мине во нивниот знак.
И најавата е интересна, типично холивудска во американски стил. Снимија видеоматеријал, ги најавија своите противници и секако имаат и порака за своите симпатизери да веруваат во тимот, што според нив, ќе доминира следната година.
Лани со популарниот Ибракадабра во тимот Галакси стигнаа до четврт-финалето на плејофот, каде што беа елиминирани од градскиот ривал Лос Анџелес ФЦ со пораз од 3:5.
Новата сезона во МЛС-лигата ќе почне на 29 февруари, а Галакси на премиерата ќе му гостуваат на Хјустон.
✨2️⃣0️⃣2️⃣0️⃣✨ pic.twitter.com/cfYxuAUczF
— LA Galaxy (@LAGalaxy) December 19, 2019