Наполи со шесттата победа по ред во Серија А не го дава врвот и сега има шест бода предност пред Интер, кој има и два натпревари помалку, па во најлош случај би биле израмнети. Екипата од Неапол во голема драма и во меч со пет гола дојде до победата од 2-3 на гостувањето кај Аталанта, откако на почетокот губеше со 1-0.
Аталанта поведе преку Ретегуи во 16-тата минута, но Наполи уште во првото полувреме направи пресврт преку Политано во 27-мата и Мектоминај во 40-тата минута.
После само 10 минути во второто полувреме, Аталанта израмни преку Лукман, но херојот на Наполи е Ромелу Лукаку, кој погоди со глава за победа во 78-мата минута.