Управата на Вулверхемптон денеска му врачи отказ на менаџерот Бруно Лаж по серијата лоши резултати во Премиер лигата.
Вулверхемптон во последните 15 натпревари во Премиер лигата под водство на Португалецот оствари само една победи и загуби дури на девет меча, поради што отказот беше неизбежен.
Бруно Лаж минатото лето го наследи Нуно Еспирито Санто на клупата во Вулверхемптон и го предводеше тимот до десеттото место на табелата во неговата прва сезона во клубот.
Сепак, неговиот тим оваа сезона постигна само три гола и освои шест бода од осум натпревари и моментално е на 18-тото место на табелата во Премиер лигата.
Одлуката за отказ на поранешниот тренер на Бенфика е донесена по вчерашниот пораз од Вест хем (2:0). Раководството на клубот не е задоволно од моменталната форма на тимот со оглед на тоа што во летниот преоден рок потроши повеќе од 100 милиони фунти за нови играчи.
Вулверхемптон во следното коло во Премиер лигата ќе му гостува на Челзи.