Познатиот италијански новинар за транфери, Фабрицио Романо, тврди дека Жозе Мурињо нема да го прифати предизвикот да го води Пари Сен Жермен.
Фокусот на Специјалниот е целосно насочен кон Рома и се очекува до крај да го одработи тригодишниот договор со Волчицата. Жозе имаше успешна прва сезона на клупата на Рома, освојувајќи ја Лигата на конференции, што е прв европски трофеј на калчолигашот, а воедно петти за Мурињо, со кој го комплетира сетот од трите трофеи на УЕФА.
Клубот веќе покажа дека стои зад трансфер-стратегијата на Мурињо и му дава поддршка во раководење на проектот, по ангажманите на младиот голман Миле Свилар и искусниот Немања Матиќ.
https://twitter.com/fabrizioromano/status/1534117597314179074?s=21&t=QrT2N3pqEHsRCUFT6f5Q8Q