Не го издржал притисокот: Играч од Премиер лигата спиел со сестрата на жена му

Пандемијата предизвикана од Коронавирусот ги натера фудбалерите подолг период да заборават на фудбалскиот терен и да останат во своите домови како сите останати луѓе. Психологот Стив Поуп откри дека една фудбалска ѕвезда од Премиер лигата додека изминативе неколку дена бил во изолација и карантин, успеал да ја изневери сопругата. Фудбалерот тоа го направил со сестрата на својата жена.

„Играчите од Премиер лигата имаат толку многу пари, но им недостасува фудбалот со кој најчесто се исполнети по цел ден. Сега се принудени да прават други работи и тоа доведува до деструктивност. Еден фудбалер ми се јави и ми рече: Ја зезнав работата, спиев со сестрата на жена ми“, откри психологот Поул, кој секако не сакаше да го каже името на тој фудбалер.

Според психологот, многу фудбалери се ментално нестабилни, а оние кои се соочуваат со стрес и анксиозност, се многу блиску и до депресија. Поуп е еден од најпознатите психолози во Англија и многу фудбалери имаат побарано помош од него.

Најпознат случај на изневерување на сопругата во Премиер лигата го има некогашната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс. Тој дури осум години ја изневерувал сопругата со жената на неговиот брат.

- Оглас -

Најнови вести