Францускиот тим Олимпик Марсеј го прегази ДЦ јунајтед од Вашингтон со 8-1 во пријателски меч, а интересно е што на полувремето резултатот беше 1-1 и играта беше рамноправна. Французите како да се налутија што противникот им изедначи на 1-1 пред крајот на првите 45 минути, па во вториот дел го декласираа.
Веројатно и комбиниранот состав на тимот од Вашингтон придонесе за ваквиот исход (ги немаше Руни, Акоста и уште неколку првотимци). Се покажа дека американските тимови немаат соодветни резервни фудбалери, па напаѓачите на безмилосниот Марсеј го искористија тоа.
https://www.youtube.com/watch?v=q5p81jn1WoI