Не го нервирајте капитенот, ќе ве казни со победнички гол – Лазаров: Ми оди со голови во последна секунда

Кирил Лазаров упати бомба на една секунда до крајот и ја погоди целта за многу важна стартна победа на Македонија од 26:25 против Украина. Сезонава му оди со головите во последни секунди, ги имаше неколку и за Нант, а во тој стил ја почна и 2020 година со гол во финишот, овојпат за репрезентацијата на Македонија.

„Искрено се изнервирав со последните удари што не ја погодија целта из а среќа погодив кога најмногу ни требаше. Уште еднаш успеавме да го сплотиме македонскиот народ и да се радуваме на важна победа. Им благодарам на навивачите, кои постојано се со нас на големите натпреварувања“, изјави Лазаров.

Капитенот на македонската репрезентација беше и најефикасен на мечот со 8 гола, а како игра се уште ќе ни носи радост, иако веќе се ближи кон 40-та година во животот.

Следен предизвик за Македонија е репрезентацијата на Чешка, со која ќе играме во недела од 16 часот. Чесите денеска загубија до Австрија со 29:32.

- Оглас -

Најнови вести