Поради пандемијата со корона-вирусот, професионалните спортисти се принудени да ја одржуваат формата со тренирање во домашни услови. Данскиот велосипедист Енрик Мас покажа дека и во домашни услови може да се претера.
За да продолжи со тренинзите, Мас, кој моментно живее во Шпанија, на својата тераса монтирал статичен велосипед за да вежба, но не претпоставил дека и таму може да има проблем.
Крема за сончање е едно од средствата што велосипедистите често ги користат за време на трките, а овојпат Мас заборавил да се намачка бидејќи бил во домашни услови. Сепак, фактот дека тренирал на тераса, а сонцето печело директно кон него, Мас се нашол во неочекуван проблем.
Дури откако завршил со тренингот и ја симнал велосипедската облека, спортистот забележал дека целиот грб му е црвен од сончевите зраци.
„Не може да се побегне од сонцето“, бил коментарот на Мас, кој минатата година заврши на 22-рото место на легендарната трка Тур де Франс.