Не го сакаат навивачите, но сега ќе му аплаудираат – Јуначки потег на претседателот на Спортинг

Фредерико Варандас постапи многу одговорно и човечки и се приклучи на медицинските екипи во Португалија во битката против Коронавирусот.

Претседателот на Спортинг Лисабон, клуб за кој игра и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, не е омилен кај навивачите и во последно време тие дури и постојано протестираа против него и бараа да биде сменет, но сега ги собра симпатиите со постапката.

Варандас е доктор по вокација и беше дел од португалската воена експедиција во Авганистан како дел од НАТО силите. Има неколку медали како признание за работата како доктор, а од септември 2018 година е и претседател на Спортинг, откако на изборите го победи Бруно де Карвалјо.

„Ѝ служев на мојата земја во мисијата во Авганистан и денеска повторно се приклучувам и го прифаќам повикот да ѝ помогнам на мојата домовина. За сите генерации, за сите наши граѓани должен сум да помогнам. Одиме во битка да го победиме опасниот вирус“, објави првиот човек на португалскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести