Не го викаат во репрезентација, а постави француски рекорд

Со 231 голов во дресот на Реал Мадрид, Карим Бензема е најефикасниот француски фудбалер по бројот на погодоци како член на еден странски клуб.

Бензема, кој во Реал ја доживува втората младост, секако е еден од најдобрите француски напаѓачи во историјата на земјата која е актуелен светски првак, но поради несогласувања со селекторот Дидие Дешамп, тој и покрај одличната форма, не е во националниот тим на „триколорите“.

Карим со 231 гол како играч на Реал ги надминува оние 228 голови кои Тјери Анри ги даде за Арсенал. Трети на листата е Давид Трезеге со 171 голов за Јувентус, а над 100 гола за странски клуб од Французите имаат постигнато и Антоан Гриезман за Атлетико Мадрид (133), Франк Рибери за Баерн Минхен (124), Оливие Жиру за Арсенал (105) и Мишел Платини за Јувентус (104).

 

- Оглас -

Најнови вести