Тенискиот турнир во Истбурн кој се игра на тревната подлога беше генерална проба пред Вимблдон, а во женски двојки, на овој турнир се случи нешто необично. Александра Круниќ и Магда Линет го освоија пехарот, без да играат финале и полуфинале.
Во полуфиналето, Србинката и Полјакињата требаше да играат со Серена Вилијамс и Онс Жабер, но тие се повлекоа поради замор на Американката. Ривалки на Александра и Магда во финалето требаше да бидат Јелена Остапенко и Људмила Киченок, но тие се предадоа поради ситна повреда на Летонката Остапенко која претходно играше финале во сингл, па не сакаше да ризикува.