Не ИХФ, туку навивачите бираат кој е МВП на меч на Светското во ракомет!

Разрешена е мистеријата како американскиот ракометар Гери Хајнс беше прогласен за најкорисен поединец на натпреварот против Хрватска, иако САД загубија со 18 голови разлика.

Беше голем шок за сите кога беше објавено дека Хајнс е МВП, иако неговиот тим катастрофално беше поразен, а Хајнс не беше ни прв стрелец на мечот со Хрватска. Публиката го исвирка изненадениот Американец кој ни крив, ни должен, си доби признание.

Сега дојде објаснување што е „трикот“. На ова ракометно СП во Шведска и Полска, играчот на натпреварот не го бираат луѓе од Светската федерација ИХФ, туку навивачите со гласање преку апликацијата или официјалната интернет-страница на ИХФ.

Очиледно американски фанови за време на мечот со Хрватска навалиле на сајтот и гласале за нивниот миленик, кој има 38 години и игра во третата германска лига.

- Оглас -

Најнови вести