Повеќе стотици навивачи на Валенсија се собраа пред стадионот „Месталја“ и започнаа да навиваат за својот омилен тим, иако вечерва им е ускратена шансата да бидат на трибините за дуелот против Аталанта во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Поради страв од Коронавирусот, беше решено овој меч да се игра без присуство на публика, одлука која едноставно не можат да ја прифатат фановите на Валенсија. Полицијата мораше да го обезбеди цел стадион за да бидат сигурни дека навивачите нема да влезат на трибините.
Валенсија е пред тешка мисија затоа што ако сака да оди во следната фаза, треба да надополни негатива од 1:4 по првиот меч во Милано.