28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Не им се пишува добро на ривалите на Реал Мадрид!

Реал Мадрид со победа од 5-1 против Селтик го потврди освојувањето на првото место во својата група од Лигата на шампионите и на ждрепката како носител ќе го чека својот осминафинален противник.

Второто место во оваа група му припадна на Лајпциг, кој со 4-0 славеше над Шахтар и ги уништи надежите на Украинците дека може да се протнат меѓу 16-те најдобри во Европа.

Во Мадрид, сите пет гола за Реал ги постигнаа различни фудбалери, а на средбата беа досудени три пенали, сите во првото полувреме. Реал за првпат по сезоната 2015/2016 успеа да ги добие трите домашни мечеви во групната фаза и тоа е добра вест за 14-кратниот и актуелен европски првак бидејќи во таа сезона 2015/2016 Реал ја освои Лигата на шампионите.

Карло Анчелоти стана тренер со најмногу победи во ЛШ, сега има 103, една повеќе од Алекс Фергусон. Зад нив е Пеп Гвардиола со 96.

- Оглас -

Најнови вести