Не им се погоди премиерата на Словенците и Унгарците кои се домаќини на младинското Европско првенство, а и двете репрезентации ко-организатори на шампионатот загубија со по 3:0 од фаворитите Германија и Шпанија.
И двата меча се одвиваа по речиси идентично сценарио со голови во второто полувреме. Германците вечерва од 21 часот беа многу подобри од Унгарија и со головите на Нмека и два на Баку ја забележаа стартната победа на ЕП.
Во вториот дуел што се играше во истиот термин Романија успеа да освои голем бод против Холанѓаните со реми 1:1. Шурс во 16. минута им донесе предност на Лалињата, а израмни Чобану само 240 секунди подоцна.
Претходно актуелниот европски првак Шпанија ја победи Словенија со 3:1, а Италија и Чешка ремизираа 1:1.