9.8 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Не издржа „бункерот“ на Шкендија, Самсунспор победнички си заминува од Скопје (Видео)

Македонскиот фудбалски првак Шкендија е поразен со 0:1 на арената „Тодор Проески“ во Скопје од Самсунспор во првиот меч од плејофот за пласман во осминафиналето во Конференциската лига на УЕФА. На тетовци сега им останува да се надеваат на чудо на реваншот во Турција, ако сакаат да ја продолжат европската бајка во третото по ранг натпреварување на УЕФА.

Победата на Самсунспор е сосема заслужена затоа што гостите доминираа во текот на сите 90 минути. Фактот дека Самсунспор имаше 70 отсто посед на топка, вкупно 15 шута кон голот на Шкендија и пет големи шанси, доволно отсликува какви биле силите на теренот.

Клучниот момент на средбата во Скопје се случи во 77 минута кога Мариус одлично се снајде во петерецот и искористи еден центаршут, матирајќи го голманот на Шкендија за водство на Самсунспор од 1:0.

Shkëndija 0-1 Samsunspor – Marius Mouandilmadji 77′
by
u/4gjdtokurwa in
soccer

Гостите од Турција можеа многу порано да стигнат до погодок. Уште во седмата минута беше досуден пенал за Самсунспор, но Ндијае шутираше високо над голот. И покрај тоа промашуивање во раната фаза од мечот, гостите продолжија постојано да доминираат и на крајот стигнаа до заслужена победа.

Shkëndija 0-0 Samsunspor – Cherif Ndiaye penalty miss 7′
by
u/4gjdtokurwa in
soccer

Шкендија веќе направи историски успех и стана првиот македонски клуб кој презими во едно европско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести