Не издржа: Почина боксерот кој доби страшен нокаут (Видео)

Боксерот Патрик Деј почина четири дена по борбата што ја имаше против Чарлс Конвел, а беше нокаутиран во деветата рунда од мечот.

Деј доби многу силни удари во текот на мечот, но кобни беа последните два кои го пратија на подот. При падот, Деј силно удри со главата во подот и од тој момент не се разбуди. Веднаш беше пренесен во болница, лекарите извршија операција на неговоиот мозок, но, за жал, не успеаја да го спасат и по четири дена почина.

До кобната борба, Патрик во кариерата имаше 17 победи, 4 нерешени и само еден пораз. Додека Деј се бореше за живот, неговиот последен противник, Конвел му напиша писмо во кое се велеше дека секој ден се моли за неговиот живот. На крајот, за жал, Деј не успеа да го прочита писмото од неговиот последен противник во рингот.

https://youtu.be/EZX_ZsvQGqs

- Оглас -

Најнови вести