Не издржа срце јуначко – Почина поранешен голман на Стеауа

Мартин Тудор, поранешниот голман на најтрофејниот романски клуб Стеауа, почина на 43-годишна возраст од срцев удар. Медицинска екипа пристигнала во домот на неговиот пријател, но, за жал, не можеле да го спасат Тудор.

„Потресен сум од смртта на мојот некогашен соиграч во Стеауа. Тудор беше голем професионалец, мошне тивок човек, со големо срце. Сега поради епидемијата со Коронавирус, не можеме ниту да присуствуваме на погребот“, изјави Миодраг Белодедиќ, некогашниот клупски колега на Тудор.

Мартин во последните пет години имал проблеми со срцето, но продолжи да работи како тренер на голманите во неколку клубови.

Во кариерата имаше успешни настапи за Стеауа, Клуж, Универзитатеа Крајова и за уште неколку романски клубови.

- Оглас -

Најнови вести