Не ја бива Барса без Меси, си замина волшебникот, ја снема магијата во Лигата на шампионите (Фото)

Лионел Меси си замина од Барселона и наеднаш ја снема магијата во Лигата на шампионите за шпанскиот гигант, кој испаѓа во фазата по групи втора година по ред.

Меси си замина од Барселона ланското лето во Пари Сен Жермен, а Каталонците како сè уште да се во шок и пак се елиминирани во стартната фаза во ЛШ.

Вечерва играат против Баерн Минхен, но само за место во Лигата на Европа бидејќи германскиот шампион и Интер се недостижни на првите две места што водат во осминафиналето.

https://twitter.com/brfootball/status/1585343146602504192?s=20&t=EGHT1U-sBugzQuGGt4ZwQA

Со Меси во составот, Барселона освои дури четири европски круни од вкупно пет, а без него двапати по ред испаѓа во првата фаза во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести