По повредата на Марк-Андре Тер Штеген, прв голман на Барселона стана неговата резерва Ињаки Пења, а интересно е дека во минатото, Пења можел да биде чувар на мрежата на загрепски Динамо.
Неговата кариера можела да има сосема поинаков тек. Пења почна да игра фудбал во родниот Аликанте, а по краткиот период во Виљареал, на 13-годишна возраст се приклучи на Барселона. Со текот на годините, тој помина низ сите нивоа на клупската хиерархија – од младинските и Б тимовите до повремено место на клупата на првиот тим. Единственото патување надвор од Блауграна беше позајмица во Галатасарај каде бранеше шест месеци.
Оваа сезона, по повредата на Тер Штеген, Пења конечно доби шанса да се докаже и засега ја оправдува.довербата.
Фудбалскиот агент Енди Бара, познат по соработката со Дани Олмо и други светски играчи, ја откри оваа интересна приказна.
„Играчите прво му беа понудени на Динамо. Тие земаа некои, како Дани Олмо, а некои не. Никој не знае дека сегашниот голман на Барса, Ињаки Пења, дојде во Динамо на проба една година по Олмо. Но, не го земаа“, изјави Бара за „Спортске новости“.