Не ја пропуштајте претпоследната шанса да добиете награда на Спортска прогноза

Типувањето за претпоследното 33-то коло сезонава на бесплатната Спортска прогноза е во тек и претставува нова шанса да се обидете да ја погодите „Среќната тринаесетка“ што се наградува со прекрасниот мобилен телефон IPhone XS.

Ова коло е многу интересно со три дербија. Според досегашните прогнози, најголем број прогнозери веруваат во победа на Тотенхем против Арсенал, но не е мал бројот и на тие кои типувале на нерешено, додека за триумф на Топчиите типувале помал број прогнозери. Тој меч се игра в недела од 17.30 часот. Според малку повеќе од две третини од прогнозерите, Јувентус ќе ја победи феноменалната Аталанта, а половина прогнозери сметаат дека Наполи ќе слави против Милан.

Колото завршува со меч в понеделник вечерта, помеѓу Вилјареал и Реал Сосиедад. Жолтата подморница е големн фаворит според процентот на прогнозирани „единици“. Најголем процент прогнози досега се ставени на победа на Челзи на гостувањето кај Шефилд јунајтед.

Не заборавајте и на двата резервни пара кои се бодуваат за Генералниот пласман. Има уште две кола до крајот и секој поен е значаен, особено за позиција во Топ-5, што носи одлични подароци од Sport Life. За најдобриот во Генералниот пласман на крајот од сезоната ќе следува ТВ смарт од 48 инчи, а ќе има убави подароци и за пласираните од второто до петтото место на крајот на сезоната.

Доколку успеете да погодите „Среќна 13-ка“, вие ќе бидете освојувач на мобилен телефон IPhone XS. За 12 и 11 погодени следуваат вредносни ваучери од Sport Life oд по 1.000 и 500 денари. Оваа игра е бесплатна, па едноставно нема што да загубите, но може позитивно да бидете изненадени.

- Оглас -

Најнови вести