Не ја пропуштајте претпоследната шанса за освојување „ајфон 11“

Расплетот, или можеби дополнително замрсување на ситуацијата во битката за титулата во Шпанија, како и дуелот на финалистите на ЛШ кои викендов играат меѓу себе во Премиер лигата, се во центарот на вниманието на 35-тото, претпоследно коло на Спортска прогноза.

Со свои типови може да се приклучите до сабота до 15 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда на Среќна 13-ка, а тоа е дуелот од италијанската Серија А помеѓу Удинезе – Болоња. Потоа следува интересен меч од Германија, во кој ќе се соочат Борусија Дортмунд и Лајпциг, а в сабота од 16.15 часот ќе се игра дерби-мечот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид. Од оние прогнозери кои досега типувале, само 8 отсто веруваат во победа на Јорганџиите од Мадрид, а над 60 проценти типуваат триумф на Каталонците.

Мнозинството, речиси две третини му даваат предност на Манчестер сити против Челзи.

Реал ќе ѝ биде домаќин на Севилја во недела од 21 часот и тој меч е последен што треба да се погоди за да се добие прекрасна награда „ајфон 11“. В недела има и италијанско дерби меѓу Јувентус и Милан, што е битка за настап во Лигата на шампионите. Домаќините, Реал и Јуве, се големи фаворити на прогнозерите според досегашните проценти.

Возбудливо е и во Генералниот пласман. Таму во водство е Перо К. со три бода предност, но тоа не е предност која му гарантира титула во третата сезона на Спортска прогноза. Sport Life ќе ги награди петтемина најдобри во Генералниот пласман.

 

- Оглас -

Најнови вести