Не ја загубил прецизноста, Ериксен изведе мајсторија на тренинг (Видео)

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, чие срце на кратко престана да работи за време на натпревар од Европското првенство во јуни минатата година, почна со тренинзи, сака да игра, а на една снимка покажа дека не заборавил да игра и уште го има чувството за гол.

Ериксен од 16 метри упати една бомба во горниот агол, па голманот немаше шанса да одбрани. Кристијан поради дефибрилаторот во срцето веќе нема да игра во Италија, но клубот во којшто ќе ја продолжи кариерата може да трие раце бидејќи ќе добие одличен играч.

- Оглас -

Најнови вести