Аргентина го освои првото место во И групата со убедлива победа од 91:65 против главниот ривал Полска. Не личеше на дерби за врвот, а популарните „гаучоси“ одиграа ефектно, атрактивно и го разбија противникот со 26 поени разлика.
Ветеранот Луис Скола покажа дека се уште не е за во пензија и повторно беше лидер на непорзените Аргентинци, кои имаат пет победи на Мундијалот во Кина. Скола постигна 23 поени и имаше шест скока и неколку супер атрактивни потези.
Маркос Делија постигна 12 поени, а кај Полјаците најефикасен беше Слотер со 16 поени. Претходно во меч од ситата група Русија ја победи Венецуела со 69:60 и го освои третото место зад Аргентина и Полска кои ќе играат во четвртфиналето.