Откако минатата година стана јасно дека Килијан Мбапе ќе го напушти Пари Сен Жермен и ќе замине во Реал Мадрид, тренерот на парискиот тим Луис Енрике најави дека ПСЖ без Мбапе ќе стане подобар тим, а се покажува и дека тоа е точно.
Заминувањето на Мбапе „ослободи“ некои играчи како Усман Дембеле кои заиграа драстично подобро од лани и ПСЖ е тим во кој опасноста доаѓа од неколку страни, не само преку Мбапе.
Но, има еден друг податок кој покажува дека Мбапе и не бил толку проблем за ПСЖ колку што бил Лионел Меси. Кога го купија Меси и го додадоа на Нејмар и Мбапе, се чинеше дека ништо нема да ги запре на патот до европската титула. А, всушност е обратното, со Меси во тимот, ПСЖ не стигна ни до четвртфинале.
Во 2020 година ПСЖ играше финале, во 2021 полуфинале, потоа дојде Меси и две години по ред испаѓаа во осминафиналето, а откако замина Лео, пак имаат две полуфиналиња со шанса годинава да се најдат и во финалето, можеби и првпат да ја освојат титулата.