Андре Онана, чуварот на мрежата на Ајакс, е еден од клучните играчи на Копјаниците веќе неколку сезони. Добрите партии на камерунскиот репрезентативец на „Јохан Кројф арената“ не останаа незабележани и има клубови кои покажаа голем интерес за неговите услуги, а уште пред две години имал шанса да се пресели во Серија А.
Онана не сака да го именува клубот со којшто преговарал, но тврди дека причината што трансферот пропадна е бојата на неговата кожа.
„Пред две години, по поразот од Манчестер јунајтед во финалето од Лигата на Европа, добив понуда од Италија. Мојот агент и јас бевме да преговараме, а во текот на состанокот го слушнав спортскиот директор на клубот кој не сакам да го откријам како му вели на мојот агент дека овој ангажман не е добра идеја бидејќи сум црномурен. И ми беше мило што го слушнав тоа. Тие не ме сакаа поради бојата на кожата, а не поради тоа што сум добар или слаб голман. Јас сум горд на мојата раса и моето потекло. Иако во Африка владее мизерија, тој континент е најубав од сите и чест е што потекнувам од таму и на најдобар можен начин го претставувам моето потекло“, истакна Онана.