Манчестер сити го совлада нисколигашот Бартон со убедливи 9-0 во првата полуфинална пресметка во Лига купот на Англија. „Граѓаните“ практично обезбедија пласман во финалето бидејќи за „пиварите“ е невозможна мисија да се вратат од ваква гол-разлика против англискиот првак.
Голеадата започна во петтата минута со погодокот на Де Бројне, Габриел Жесус од 30-тата до 34-тата минута постигна два гола, а Зинченко заби за 4-0 по првиот дел. Бразилскиот напаѓач продолжи да ја тресе мрежата на гостите, во 57-мата го оствари хет-трикот, а во 65-тата го реализираше и четвртиот гол на средбата. Претходно, во листата на стрелците се запиша и младиот Фоден, а Вокер и Марез им ги скратија маките на фудбалерите на Бартон.
Сити е немилосрден кога станува збор за куп-натпреварите. Само пред три дена постигна седум погодоци против Ротерхам во рамките од третото коло во ФА купот, а со овие девет бележи вкупно 16 погодоци само на две средби.
https://www.dailymotion.com/video/x70curq
https://www.dailymotion.com/video/x70cwo5
https://www.dailymotion.com/video/x70cx80
https://www.dailymotion.com/video/x70cwzp
https://www.dailymotion.com/video/x70cxvx