Боливиската екипа Жорге Вилстерман загуби на легендарната „Бомбонера“ од Бока јуниорс со четири голови разлика, а еден нивен навивач сепак задоволен го напушти стадионот.
Како спомен од мечот малиот навивач на Боливијците ги побара и ги доби картоните од судијата Харо. Перуанецот беше зачуден, но му ја исполни желбата на симпатизерот на Жорге Вилстерман.
Бока лесно победи со 4-0 и драстично му ги намали шансите на ривалот за пласман во следната фаза.